Јапонските научници докажаа дека главната компонента на смокви – бензалдехид, придонесува за намалување на туморите кај луѓето.
Покрај тоа што е антиканцерогена, докажано е дека смоквите поволно делуваат и на нивото на холестерол во крвта.
Растителните стероли како што се стигмастеролот и ланостеролот, кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.
Омега 3 и 6 се важни за здравјето на кардиоваскуларните органи Омега 3 и омега 6, во кои смокви ги има во изобилство, се многу важни за здравјето на кардиоваскуларните органи. Смоквите се добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.
Поради количеството шеќер што го содржат смоквите, на дијабетичарите им се советува да внимаваат при нивното користење. Меѓутоа, доколку се користат умерено, може да дојде до намалување на потребата од количината на инсулин кај дијабетичарите.