СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 21.10.2025 во близина на место викано „Шипковичко теќе“, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф“, паркирано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
При претрес во домот и помошните простории на пријавениот биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм и рамки со куршуми, кое ги поседувал таткото на пријавениот, без соодветна дозвола.
На пријавениот му е изречена мерка притвор од 30 дена.