Русија погоди околу 30 отсто од енергетската инфраструктура на Украина во нејзините ракетни напади во понеделникот и вторникот. Ова го изјави министерот за енергетика на Украина, Херман Хаљушченко, во интервју за Си-Ен-Ен, цитирано од Ројтерс.
„Ја испраќаме оваа порака до нашите партнери: мораме да го заштитиме небото“, рече Хаљушченко, додавајќи дека Русија ги прекршува меѓународните правила. Тие не се заинтересирани за никакви меѓународни договори или конвенции“, додаде тој.
Украина во вторникот ги повика граѓаните да не користат апарати за домаќинство, како што се печки и машини за перење, за заштеда на електрична енергија, бидејќи милиони се соочија со прекин на електричната енергија по најголемиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на војната.
Москва, која ги нарекува своите акции во Украина „специјална воена операција“ за искоренување на опасните националисти и заштита на граѓаните што зборуваат руски, го обвини Западот за ескалација и продолжување на конфликтот со поддршка на Киев.