„Најголемата лага е 300 пилоти ќе бидат од Арачиново.
Кој ви ветил?
Овие што се сега на власт, Социјалдемократскиот сојуз. Значи каде има поголема лага од тоа да ти кажат дека ќе одиш за пилот. Тоа се случи овде во нашето село“.
Ветување за 300 пилоти во Арачиново немало, изјави Премиерот, додавајќи дека зборот „пилот“ е измешан со “пилот-проект“.
И во демантот на СДСМ се вели дека тие не ветиле такво нешто, но сепак од партијата во власт не демантираа дека многуте ветувања дадени во Арачиново не се реализирани, како што е водовод и канализација, за кое жителите на оваа општина се жалеа во емисијата #KЛИКПЛУСОДАЈА!
Во емисијата #KЛИКПЛУСОДАЈА во Арачиново, и самата градоначалничка, Миликије Алими, призна дека моментално водата не е за пиење. Жителите освен за вода и канализација се жалеа и за отпадот, не функционирањето на амбулантата 24 часа и за превозот на учениците.
