31-годишен косовски државјанин починал додека работел на изградбата на Коридорот 8

СВР Тетово денеска соопшти дека вчера, на 3 март 2025 година, при извршување на работни задачи на изградбата на Коридорот 8, починал 31-годишен косовски државјанин, идентификуван како Л.С.

„На 03.03.2025 година во 17:15 часот од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека без знаци на живот кај нив било донесено лице Л.С.(31) од Република Косово.

Според пријавата, на Л.С. му се слошило додека извршувал работни задачи во фирма што ја изведувала изградбата на Коридорот 8, по што бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде била констатирана смрт. Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, велат од Полициската станица Тетово.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното