На денешен ден во 1986 година во 1 часот и 23 минути по локално време реактор на нуклеарната централа во Чернобил експлодирал при проверка на безбедноста и испушти во атмосферата радијација еднаква на најмалку 200 атомски бомби како таа над Хирошима.
Како резултат на тоа од радијација беа повредени 19 руски региони – речиси 60 илјади квадратни километри, со население 2,6 милиони луѓе. Засегнати беа 12 области во Украина со површина 50 илјади квадратни километри, како и 46,5 илјади квадратни километри од територијата на Белорусија. Тешко е да се пресмета бројот на починатите и болните поради радијацијата, која зема жртви и до денес.
За справување со радијацијата по експлозијата и расчистувањето на зоната околу реакторот, Советскиот сојуз испратил 600.000 лица-наречени „ликвидатори“ кои биле изложени на високо ниво на радијација со минимална заштита.
Според податоците на Обединетите Нации, вкупно 31 лице спасувачи и пожарникари, загинале веднаш по несреќата, додека уште 19 други починале до 2006-та година. Како последица на радијацијата, според податоците на ОН, до 2005-та година починале околу 4.000 лица. Се претпоставува дека вкупно пет милиони луѓе биле засегнати од несреќата.

The post 33 години од чернобилската катастрофа appeared first on ТВ21.