Македонија

35 години независна Македонија: Како изгледал плакатот што ги повикувал Македонците на референдум?

35 години независна Македонија: Како изгледал плакатот што ги повикувал Македонците на референдум?
ФОТО: 4TV Повик за референдум - плакат

Пред 35 години немало современи графички програми, дигитални алатки или вештачка интелигенција. Но, и тогаш референдумот имал своја визуелна приказна.

4ТВ ја посети Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ каде е зачуван референдумски плакат со впечатливо графичко решение. На него се прикажува врата кон Европа, додека во позадината се гледа Париз.

Плакатот требало да внесе надеж и оптимизам кај граѓаните во пресрет на гласањето.

ФОТО: 4TV Повик за референдум – плакат

Денес, тој е повеќе од стар пропаганден материјал. Тој ја открива визијата и атмосферата од 1991 година – очекувањето дека независна Македонија ќе тргне по патот кон Европа.

Директорката Анета Механџиска посочува дека токму ваквите материјали им овозможуваат на денешните генерации да почувствуваат како изгледало времето пред референдумот.

Еден плакат, една порака и една историска желба – зачувани 35 години подоцна.

По повод големиот јубилеј – 35 години од македонската независност, 4TV подготвува специјално празнично издание. Гледајте го отвореното студио денеска, со почеток во 19:00 часот во живо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни