Македонија

35 години независност одбележани од длабочините на Охридското Езеро

35 години независност одбележани од длабочините на Охридското Езеро

Необична и симболична честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста пристигна од Музејот на вода во Охрид.

Нуркачкиот центар „Амфора“ заедно со дел од специјалната единица ТИГАР, нуркајќи во Заливот на коските, ја одбележаа 35-годишнината од македонската независност под вода, развивајќи го државното знаме во длабочините на Охридското Езеро.

„Од длабочините на Охридското Езеро, под македонското знаме, ја одбележуваме 35-годишнината на Републиката со гордост. Нека ни е вечна и независна Македонија!“, порачаа од „Амфора“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни