Владимир Токтасинов, познат кик-боксер и ветеран на европската кик-бокс сцена, почина на 36-годишна возраст поради срцев застој. Веста за неговата изненадна смрт ја потресе боречката сцена, а потврда за тоа даде и Glory, најпознатата организација во овој спорт.
Токтасинов беше препознатлив како силен и технички вешт тешкашка категорија. Во својата кариера забележа 51 победа, од кои 28 со нокаут, и 20 порази. Познат е по борбите во реномирани европски и светски промоции, а последната борба ја имаше на 10 октомври оваа година.
Се бореше пред три недели
Пред три недели настапи во романскиот Брашов на Dracula Boxing Show, каде во главната борба на вечерта загуби од Бенџамин Адегбуји, поранешен предизвикувач на Рик Верхоевен за тешкашка титула во Glory. И двата пати беше поразен, а пред четири години го победи и Антонио Плазибат.
Адегбуји беше шокиран по добивањето на тажната вест. „Почивај во мир, пријателу. Не можам да поверувам дека пред неколку недели се боревме во ринг, а сега ова…“, напиша на Instagram.
Од покојниот Токтасинов се прости и хрватскиот ММА борец Роберто Солдиќ. Со заедничка фотографија напиша: „Почивај во мир, брате“ со емотикон на запалена свеќа.