36 училишта се пријавиле за настава со физичко присуство, рокот завршува денеска

36 училишта доставиле барање до Министерството за образование и наука за настава со физичко присуство, инфомираше министерката Мила Царовска.

Се вчитува...

Од нив, 21 се основни, а 15 средни училишта.

Како што потенцираше Царовска, рокот за пријавување завршува денеска. Оние кои нема да пријават, ќе следат настава преку он-лајн.

Министерката рече дека платформата за он-лајн наставата ќе биде објавена наскоро.

.

Извор: ТВ21