38-годишна жена доби кривична пријава: Се обидела да нападне лице во Центарот за социјални работи во Кратово

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.

На 03.10.2025 во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавна установа „Центар за социјални работи”- Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата, додека извршувале работни задачи.