Македонија

4 активни пожари низ Македонија, надлежните на терен!

4 активни пожари низ Македонија, надлежните на терен!

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на деновите 2 и 3 јули на територијата на државата биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 4 сè уште се активни, а 25 се локализирани и ставени под контрола.

АКТИВНИ ПОЖАРИ (4):

  1. Општина Прилеп – с. Бешиште: пожарот се шири низ приземна вегетација во квалитетна мешана шума. Дополнително, крак на истиот пожар кај с. Градешница (опш. Новаци) кој претходно беше смирен, повторно се разгорел во утринските часови.
  2. Општина Валандово (с. Грчиште) и Општина Богданци (с. Паљурци – с. Богданци): пожарите зафатиле ниска вегетација и мешана ниска шума, со проширување поради ветерот и високите температури.
  3. Општина Македонски Брод – с. Црешнево: пожарот гори во деградирана дабова шума, на терен со ограничен пристап за противпожарните служби.
  4. Општина Старо Нагоричане – с. Длабочица: опфатена е мешана шума со бор и бука, пожарот се шири на потешко достапен терен.

ЦУК ги координира сите надлежни институции на терен, вклучувајќи ја противпожарната единица, локалните самоуправи, Шумската полиција и подрачните единици на МЗШВ. Апелира до граѓаните да не палат оган на отворено и да пријават секое забележано чадење или појава на пламен на 112.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни