Свет

4 мртви и 61 повреден во бунтот во иранскиот затвор Евин

4 мртви и 61 повреден во бунтот во иранскиот затвор Евин

Пламенот избувнал во работилница за шиење затвор по конфликт меѓу затворениците
Четири лица кои издржуваат казна загинаа, а 61 се повредени откако синоќа избувна пожар во затворот Евин во иранската престолнина, соопшти денеска на својата веб-страница правосудството во Исламската Република, пренесоа светските агенции.

„Четири затвореници починаа како последица на вдишување чад предизвикан од пожарот, а 61 се повредени“, се вели во соопштението на Мизан на интернет, додавајќи дека четворица од повредените се во тешка состојба.

Иранската новинска агенција ИРНА јави дека 51 од ранетите се лекувани на амбулантска основа. Вкупно 10 повредени се во болница.

Пламенот избувнал во работилница за шиење во затворот, откако конфликтот меѓу затворениците осудени за финансиска измама и кражба довел до бунт.

Локалните власти велат дека не се работи за затворски бунт, ситуацијата е под контрола и инцидентот не е поврзан со неодамнешните немири во земјата.

Ниту еден затвореник не избега во инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни