Македонија

-4 степени беше утрово во овој македонски град

-4 степени беше утрово во овој македонски град

Ниски утрински температури низ Македонија. Утрово во еден македонски град беа измерени дури -4 степени целзиусови.

Според информации на УХМР станува збор за Берово, каде утрово биле измерени -4 степени.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-4 Берово, 1 Лазарополе, 2 Крива Паланка, Битола, Струмица, 3 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, 4 Прилеп, Куманово, Велес, Маврови Анови, 5 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Дебар, 6 Охрид, Претор, Крушево, Попова Шапка, 8 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево и студено. Наместа дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни