Следната година за прв пат, Северна Македонија и Бугарија заедно ќе претседаваат со Берлинскиот процес кој се стреми кон проширување на ЕУ со државите од Балканот. Според премиерот Заев ова претставува доказ за добрите меѓусоседски односи.
Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека на октомври треба да се гледа со оптимизам за добивање датум за преговори на Северна Македонија и Албанија.
Од Самитот во Познан, Полска, македонската делегација се враќа со 43 милиони евра обезбедени средства за три проекти. 27 милиони евра дополнителни средства за автопатот Блаце – Скопје, 13 милиони за интерконектор за снабдување со природен гас меѓу Грција и Северна Македонија, а 3 милиони за изградба на заеднички железнички граничен премин кај Табановце, што ги поврзува Македонија и Србија.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ