Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, денеска најави оставка по банкарски скандал што прерасна во политичка криза – токму во моментот кога пратениците расправаа за негово отповикување.
„Донесов одлука да поднесам оставка од функцијата претседател на Републиката“, изјави Сантијаго ења, кој ја извршуваше претседателската функција од 2023 година, во видео објавено на платформата X. „Ова го правам имајќи ги предвид стабилноста на нашата земја, социјалниот мир и потребата да се зачуваат нашите демократски институции“, наведе тој.
Оставката на Пења доаѓа 48 часа по почетокот на банкарската криза, при што Централната банка на Парагвај (BCP) воведе привремена управа во банката „Уено“ (Ueno) поради влошување на нејзината финансиска состојба.
Сметките во „Уено“ се замрзнати, што влијае врз клиентите и врз исплатата на пензиите. Кризата, исто така, предизвика улични протести во главниот град на Парагвај, Асунсион.
Финансиската институција тврди дека има 2,94 милиони клиенти, што претставува приближно 60 отсто од возрасното население на Парагвај.
До неодамна, Пења поседуваш
е акции во оваа банка.