ФОТО Трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри извршена на 29-годишен пациент

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза. Пациентот е со уреден постоперативен тек, велат од министерството за здравство на својот фејсбук профил.

„Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник инструментарка Биљана Троановиќ, сестра анестетичар Мерита Рамадами, болничар Дардан Сељмани и радиолошки техничар Крешник Шеху.

Изразувам благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација.

Дарувањето на органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на живот кога семејството е во голема болка од загубата, секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина“, вели проф.д-р Билјана Кузмановска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното