48 лица возеле без возачка дозвола, 268 непрописно паркирале

На подрачјата на сите (вкупно осум) Сектори за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден (18.02) полициските службеници продолжија со интензивните сообраќајни контроли при што беа издадени вкупно 814 платни налози, односно преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Од аналитички аспект нема промени во поглед на причините за изречените санкции односно најголемиот број изречени прекршоци 268 се однесуваат за непрописно паркирање, а 171 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.

По основ пак на чл 225 (од ЗБСП) – без возачка дозвола санкционирани се 48 лица, за некористење на сигурносен појас регистрирани се 43 прекршоци, а за користење на мобилен телефон при возење констатирани се 27 прекршоци.

Во рамки на контролите, во 16 случаи евидентирано е минување на црвено светло, потоа осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а прекршочни санкции им се изречени и на 27 пешаци, како и осуммина велосипедисти.

По однос на Законот за возила, евидентирани се 15 нерегистирани возила како и пет возила кои биле технички неисправни.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат на целата територија на државата.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното