Македонија

-5 степени утрово во Крива Паланка, во текот на денот сув студ

-5 степени утрово во Крива Паланка, во текот на денот сув студ

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-5 Крива Паланка, -4 Маврови Анови, Лазарополе, -2 Берово, Демир Капија, Куманово, -1 Штип, Крушево, Виница, 0 Охрид, Попова Шапка, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 1 Прилеп, Битола, Дебар, 2 Тетово, Претор, 4 Дојран, 5 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта имаше променлива облачност и дуваше слаб променлив ветер. Утринава во источните делови е сончево, а зголемена облачност има во централните и западните делови. Дува слаб променлив ветер. Во Крушево и во Скопската котлина е магливо.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во југоисточните делови од земјата и понекаде во западните. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро свежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни