Според Индексот на милијардери на Блумберг, 500-те најбогати луѓе во светот изгубиле кумулативни 1,4 трилиони долари од почетокот на годината.
Најбогатите во светот само во понеделникот станаа посиромашни за 206 милијарди долари, покажуваат пресметките на Индексот на милијардери.
Чангпенг Жао, основачот на најголемата светска крипто берза Binance, претрпе најголеми загуби, а неговото богатство падна за 85,6 милијарди долари од почетокот на годината на 10,2 милијарди долари.
Илон Маск, основачот на Tesla и Space X, е на второто место по загуба на пари, збогувајќи се со 73,2 милијарди долари.
Основачот на Амазон Џеф Безос загуби 65,3 милијарди долари, додека богатството на сопственикот на Мета, Марк Цукерберг се намали за 64,4 милијарди долари.
Бернард Арно, шеф на групацијата Луј Витон Моет Хенеси, исто така изгубил 56,8 милијарди долари досега оваа година.
Касата на руските милијардери не претрпе толку огромни загуби, но сепак нивното богатство го допре дното.
Според проценките на Блумберг, претседателот на НОВАТЕК Леонид Микелсон загубил 7,29 милијарди долари, сопственикот на Северстал Алексеј Мордашов загубил 7,4 милијарди долари, а поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи Роман Абрамович загубил 5,85 милијарди долари.
Аналитичарите ги обвинија економските услови како причина за падот на богатството бидејќи зголемената инфлација и растот на каматните стапки ги потресоа финансиските пазари.
