На 09.02.2025 во Полициската станица Делчево било пријавено дека околу 14.15 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон с.Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од с.Ѕвегор, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.