AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

57 литри на м² дожд во Крушево… Ова е временската прогноза

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот(во л/м2): 57 Крушево, Пожаране, Попова Шапка, 46 Битола, 42 Претор, 35 Тетово, Маврови Анови, 30 Тополчани, 29 Охрид, 27 Лазарополе, 23 Прилеп, 19 Скопје-Зајчев Рид, 14 Скопје-Петровец, Куманово, Ѓуриште, 10 Демир Капија, 9 Штип, 7 Берово, 6 Виница, 5 Крива
Паланка, Гевгелија, 1 Струмица.

Времето денес (08.10.2021 год.): Облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места во текот на денот ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно со повремен дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

T= 13 °C, P= 983 hPa, U= 87 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.