Македонија

4 лица без возачка и 1 автобус без лиценца превезувале ученици од дома до училиште

4 лица без возачка и 1 автобус без лиценца превезувале ученици од дома до училиште

Во текот на вчерашниот ден (10.11.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 60 сообраќајни прекршоци.

Од нив четири за возење без возачка дозвола, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни