600-тата личност отиде во Вселената

Ракетата Фалкон 9 на Спејскс беше успешно лансирана во средата навечер од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Четворица астронаути – тројца Американци и еден Германец – се упатија кон Меѓународната вселенска станица (MSS).

Во екипажот е и 600-тиот човек кој отишол во вселената во 60-годишната мисија за освојување на вселената.

Ова е трета оперативна мисија до MSS обезбедена од SpaceX за Американската вселенска агенција (NASA).

Екипажот ќе се приклучи на тричлен екипаж на МСС, двајца руски космонаути и еден астронаут на НАСА.