Македонија

62-годишник од тетовско село приведен по сомнение за силување на дете

62-годишник од тетовско село приведен по сомнение за силување на дете

62-годишен жител на тетовско село се пријавил во полиција откако на социјалните мрежи било објавено видео, по што бил лишен од слобода поради сомнение за тешко кривично дело.

Од МВР информираат дека лицето со иницијали Р.Н. синоќа во 21:45 часот самото се пријавило во Полициската станица Тетово.

По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, Р.Н. бил лишен од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик.

Лицето е задржано во полициска станица и ќе следува понатамошна постапка за целосно расчистување и документирање на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни