Денеска во Скопје се одржа 21. Визер Скопски маратон, а за првпат во историјата, Собранието на Република Северна Македонија учествуваше како организиран тим. Под мотото „Собрание за граѓаните – трчаме заедно“, вкупно 64 пратеници и собраниски службеници се приклучија на трките во дисциплините полумаратон, штафета и 5 километри.
Настапот е дел од пошироките мерки за подобрување на работата на Собранието преку ЦАФ моделот, кои се спроведуваат од септември 2025 година во рамки на Програмата за собраниска поддршка (ПСП).
Собранието учествуваше со две штафетни екипи, шест тркачи на полумаратон и педесет учесници на трката од 5 километри.
Настанот беше повеќе од спортски – тој испрати симболична порака за отвореност, солидарност и партнерство со граѓаните. Пратениците и службениците покажаа дека институцијата не само што работи за граѓаните, туку и буквално „трча заедно со нив“ – и во спортот и во изградбата на посилно и посоцијално општество.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година
- 4.Зајкова на Скопски маратон: Не трчаме само за гласови, трчаме за иднината
- 5.Превртен камион на обиколницата кај Смиљковци