Македонија

67-годишна жена од Виница измамена за над 12 илјади евра – и кажале дека снаата имала тешка повреда и итно е потребна операција

67-годишна жена од Виница измамена за над 12 илјади евра – и кажале дека снаата имала тешка повреда и итно е потребна операција

На 09.01.2026 во 15:00 часот во ОВР Виница, 67-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 12.400 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и кажало дека нејзината снаа имала тешка повреда на работното место и дека се потребни пари за да се направи операција.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото, каде што ѝ кажало лицето, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни