7 вежби за отстранување на болки од колената: Можат да ги прават и лица над 70 години, а делуваат НЕВЕРОЈАТНО БРЗО

Болката во коленото не е ретка појава, а најчесто ја чувствуваат луѓето над 40 години. Можеби е реакција на стара повреда или трошење на ‘рскавицата, но во секој случај овие вежби помагаат

Без разлика дали се работи за реакција на стара повреда или остеопороза на зглобовите на коленото, токму тренингот успешно ќе ја намали болката во колената.

Веројатно не можете ни да замислите да вежбате додека ве боли коленото, но кога ќе го посетите докторот, прво ќе ви кажат да ослабнете (за да го намалите притисокот врз колената), а потоа да ги зајакнете мускулите кои ќе носат поголем дел од оптоварување и со тоа ослободување на колената.

Ви пренесуваме 7 вежби кои ќе ви помогнат успешно да ја намалите болката во коленото:

1. Пасивна екстензија

Седнете на подот, исправете ги нозете и ставете перница под глуждовите. Потоа нежно притиснете ги колената со рацете за да ги истегнете до граница на болка.

2. Активна екстензија

Седнете на подот и истегнете ги нозете малку превиткувајќи се нанапред како да ќе ја ставите главата на колена. Полека одете до границата на болка, останете во таа положба околу 3 секунди и потоа опуштете ги нозете.

3. Продолжување нагоре

Седнете на подот, потпрете го грбот на ѕидот, а потоа свиткајте ги нозете кон себе, па истегнете ги. Повторете ја оваа вежба 10 пати, направете пауза и повторете 2 пати за десет вежби.

4. ‘Рбетници

Додека лежите на стомак, ставете ги рацете на главата, а потоа малку наведнете се нагоре, додека кревајте ги нозете кон таванот.

5. Сквотови

Можете да ги правите потпрени на ѕид или додека се држите за стол со рацете. Направете 20 сквотови на првиот ден, а потоа зголемувајте за 5 секој ден.

Сквотите се најдобрата вежба за колената.

6. Скалите

Доволно е да имате еден чекор. Одете горе-долу, горе-долу и така додека не се изморите. Зголемете го вашето вежбање секој ден за 5 чекори. Оваа вежба се изведува бавно, без брзање, важно е да се движите.

7. Ленти

Застанете, земете завртка или јаже и ставете ја ногата на неа, а потоа нежно замавнете ја ногата лево-десно. Потоа направете го истото со другата нога.

Изведете ги сите вежби полека за да избегнете поголеми повреди.