Атентатор на словачкиот премиер Роберт Фиц е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, пишува словачкиот портал SME.
Оваа информација за СМЕ ја потврдил извор од полицијата. Инаку, Цинтула е основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачките писатели.
Фицо е ранет со неколку истрели во градите и стомакот
Да потсетиме, Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и, според словачките медиуми, неговата состојба е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.