На 28.01.2026 во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници.
Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
