Македонија

72-годишна жена од Штип измамена за 2.600 евра – лажен лекар и кажал дека нејзината ќерка требала итно да се оперира

72-годишна жена од Штип измамена за 2.600 евра – лажен лекар и кажал дека нејзината ќерка требала итно да се оперира

На  28.01.2026  во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници.

Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни