Македонија

8-годишно дете од гостиварско итно пренесено на Клинички во Скопје, му експлодирала петарда во рака!

8-годишно дете од гостиварско итно пренесено на Клинички во Скопје, му експлодирала петарда во рака!

На 29.12.2025 во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник.

Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, гостиварско, кој се здобил со повредите откако во раката му есплодирала петарда.

По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни