Македонија

81 вработен од РЕК Битола со стомачни проблеми по консумирање лазањи

81 вработен од РЕК Битола со стомачни проблеми по консумирање лазањи

Денеска, 81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура.

Според специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос, повеќето пациенти имаат лесна клиничка форма и се испратени на домашно лекување, додека едно лице е задржано за понатамошна терапија на Интерно одделение.

Причината за здравствените проблеми, според пријавите на пациентите, е конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола. Надлежните институции започнаа истрага и анализа на инцидентот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни