Македонија

98% од децата Роми се на улица, питачи и работници на раскрсниците

98% од децата Роми се на улица, покажува анализата на “Националниот Ромски Центар“. Иако малолетни, тие се на речиси секој агол барајќи милостина, чистејќи ветробрански стакла од автомобилите или продавајќи разни предмети.  Пратеникот кој ги претставува Ромите во Собранието, Амди Бајрам вели дека само преку институциите можат да се решат проблемите.

„Има проблеми многу, проблемите ќе ги решаваме. Нормално без проблеми нема. Многу се злоупотребени малолетните деца“, изјави Амди Бајрам, пратеник.

 Пратеникот Самка Ибраимовски вели дека е формирана интерпарламентарна група за интересите на Ромите.

„Декларативно сите ги поддржуваат Ромите, но на дело тоа не може да го видиме. Дискриминацијата за жал е присутна и денеска и тоа на многу високо ниво“, изјави Самка Ибраимовски, пратеник.

И народниот правобранител Иџет Мемети истакна дека високо е нивото на дискриминација на Ромите. Тој рече дека нивните анализи покажуваат дека родителите од разни ентитети не сакаат нивните деца да учат заедно со деца Роми.

„Живот во лоши услови, без инфраструктура вода за пиење, електрична енергија.  Проблем со напуштање на државата но и за ограничувањата на слоботата на движење на овие граѓани. За училишта кои учењето со ромски деца е непожелно за родители чии деца не припаѓаат на оваа заедница“, изјави Иџет Мемети, народен правобранител.

 Инаку, повеќето од децата Роми не се запишани во матичните книги, ниту во училиштата, а немаат ни здравствено осигурување.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни