Во Охрид е раздвижено. Градот има туристи, а плажите се полни со гости. Тоа беше видливо денеска каде што на плажите ширум охридското крајбрежје имаше луѓе, јавува репортерот на ТВ21.
Меѓутоа она што исто така беше забележливо, е дека поголемиот дел на граѓани не ги почитуваат мерките за носење на маски и држење на социјална дистанца.
После укинувањето на рестриктивните мерки, Охрид речиси секој викенд има многу туристи. Иако не смеат да се издаваат сместувања, сепак, поголемиот дел од граѓаните имаат станови, а има и такви од југозападниот дел на земјата кои доаѓаат на еден ден во главниот туристички центар.
.



