Во последните 24 часа се регистрирани 185 случаи со Ковид-19, од вкупно 1364 направени тестови. Најмногу заразени има повторно во Скопје и тоа 96. Вирусот се врати и во Дебар каде се регистрирани 18 случаи, во Струга 20, Тетово 14, Ресен 8, Охрид 7, Штип 4 и тројца во Кичево . По двајца заразени има во Куманово, Велес, Битола, Кавадарци, Гостивар И Свети Николе, а по еден случај е евидентиран во Прилеп, Крива Паланка И Пробиштип.
Во текот на последните 24 часа починале 11 пациенти, од кои 8 мина се од Скопје, еден од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.
Инаку, меѓу 185 новозаразени е и првиот човек на град Скопје, Петре Шилегов. За ова тој соопшти преку Фејсуб.
„Би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19.
Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.
Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.“, напиша Шилегов.
Заразена и е мајката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова го потврди самиот тој, кој рече дека неговата мајка е изолирана во нејзината куќа и тој немал контакт со неа.
Покрај граѓаните и политичарите, вирусот корона продолжува да ги напаѓа и здравствените работници. Според податоците на институтот за јавно здравје, во моментов има 185 здравствени работници заразени со „Ковид-19“.
Инаку, во служба на пациенти со „Ковид-19“, министерството за здравство ја стави на располагање и болницата „козле“ за белодробни заболувања. бидејќи е пополнет капацитетот во гоб „8 септември“ и Клиниката за заразни болести, пациентите ќе се лекуваат во „Козле“ или Центарот Ковид2.
.