Македонија

Груби: ДУИ ќе ја води кампањата на отворено, нашата партија ќе биде гарантор на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство

Артан Груби од ДУИ, денеска објасни како ќе тече кампањата на партијата пред престојните избори. Груби напомена дека ДУИ ќе биде гарантор на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

„Демократската Унија за Интеграција, изборната кампања ќе ја започне со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници во Преспа, која ќе се одржи во среда со почеток од 13.00 на отворено, додека кампањата ќе ја заврши во Охрид исто така со собир на отворено.

Причината за овој избор е ветувањето на ДУИ дека ќе биде гарантор на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, бидејќи овие документи и процеси се темел на нашата заедничка држава и на нашата евроатлантска определба. Ова е и основната агенда на првиот Премиер Албанец, целосна интеграција во Европската Унија и потполна рамноправност во сите сфери: економија, правда, работни места, квалитет на живот и др.

За време на сите наши собири и активности максимално ќе ги почитуваме препораките за заштита на јавното здравје и апелираме до сите наши активисти за потполно почитување и заштита на мерките како и да им помогнеме на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Оваа кампања нема да биде вообичаена, но ќе биде Движење за Првиот Премиер Албанец, и поради тоа нашата организација ќе служи како платформа, и затоа ги повикува сите граѓани Албанци и другите да му се придружат на ова движење и да го поддржат со идеи и придонес. Нашите штабови се Ваш дом.

Во врска со постојните дилеми околу основните разлики на начинот и можноста за избор на Претседател на државата Албанец од едната страна, и можноста за избор на Премиер или Претседател на Собранието од другата страна, дозволете ми да кажам, дека првото е утопија во денешна констелација а втората е реална можност. Претседателот на државата се избира од мнозинство граѓани на слободни избори со околу пола милион
гласови, додека Премиерот и Претседателот на Собранието се избираат од парламентарното мнозинство со 61 глас од пратениците.“, рече Груби.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни