Македонија

„Кој ви гарантира дека на маската нема вирус?“, праша градоначалничката на Битола, откако Чулев делеше маски по Широк Сокак

Политичка „борба“ во Битола кој прв да подели маски за заштита на граѓаните од коронавирусот. Неколку пати досега ваков предлог имаше во битолскиот совет, маски да дели општината, но иницијативата на советниците од „Поинаку“ беше отфрлена.

Неколку недели подоцна, СДСМ по Широк Сокак делеше маски спакувани во кеси, а по нив во петокот и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

На ова реагираше и градоначалничката Наташа Петровска која напиша дека маските се фаќани со раце и никој не им гарантира на битолчани дека токму таа маска од Чулев нема коронавиурс.

„Кое лицемерие и непримерност – делење маски од една страна (патем и тие фаќани со раце, отворени) а потоа недржење социјална дистанца. Која лакрдија! Еднаш нека се одлучат, реалност или не е короната?! Патем, драги мои БИТОЛЧАНИ, не земајте маска непрописно спакувана. Кој Ви гарантира дека токму на неа нема вирус? И после, држава ќе воделе!“. напиша Петровска на Фејсбук.

Кое лицемерие и непримерност – делење маски од една страна (патем и тие фаќани со раце, отворени) а потоа недржење…

Gepostet von Natasha Petrovska am Sonntag, 21. Juni 2020

На ова, реагираше и советникот од редовите на независната советничка група „Поинаку“, кој вели дека лицемерно е да се зборува за маски, кои три пати биле побарани, но биле одбивани од останатите советници во битолскиот совет.

„Пред да напаѓате за ситни политички поени кои одамна ги изгубивте кај битолчани поради вашата безидејност и неспособност и кои скапо ја коштаат вашата партија и Битола, прво погледнете малку што се работи во вашиот град и во вашите јавни претпријатија па после напаѓајте други. И, да, лицемерие е да се зборува за маски, кои три пати ги побаравме од вашите советници (како што милувате да ги викате) за битолчани, но не одбија. Ви имат кажано?! Да делевме маски како општина, ни Наќе ни Маќе ќе требаше да делат и плус немаше толку казни да се пишат на битолчани, ама партијата е пред се. И после, град ќе водела!!!“, пишува Чулакоски на Фејсбук.

Поздравете ја Наташа… (уште сум блокиран 🤣)Доста филозофирање и поезија!!!- Пред да напаѓате за ситни политички…

Gepostet von Ivan Culakoski am Sonntag, 21. Juni 2020

Фото: 360 степени

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни