Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Куманово порача дека поминало времето кога ДУИ се чувствува комотно и романтично во Владата, одговарајќи на прашањето за негово мислење за премиер Албанец.
„Она кое што сакам да им го порачам е да внимаваат како се однесуваат бидејќи на Македонците, но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред и таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и ќе ја искористам оваа прилика да им се обратам и ним како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро за нив, туку напротив, ја заострува ситуацијата во нашата држава. Ние ќе одговориме соодветно. Затоа што помина времето кога кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата“, рече Мицкоски.
.