Македонија

Објавени „бомби“ за Ден Дончев и Медарски – Заев: „Медарски не е вклучен во случајот со Дијаверум“

Видео и аудио снимки објавенаи на Јутјуб каналот со име Алибаба Тредичи сподели на својот фејсбук профил Антонио Милошоски, на кое напиша дел од конверзацијата која се слуша на снимката. Ден Дончев :  Зоки ми даде пас. Слушнете како Заев и Дончев биле тандем за рекетирање на фирми, а несебично им помагал и Медарски адвокатот на Заев. А, Венко дали знаел?, објави Милошоски.  На една од снимката на акаунтот со псевдоним „Лепливи раце“ се слуша како наводно адвокатот Медарски бара да не се испраќа инспекција кај инвеститор кој тој го застапувал.

Ден Дончев: Дефинитивно и овој, ти го знаеш ли Блаже, Блаже (директор на Управа за финансиско разузнавање е многу солиден дечко, не го знаеш, значи он си ја разбира работата, он е многу студиозен и не е за понижување од аспект, он ги разбира финансиските текови и е близок човек на Заев, не е ни СДСМ. Да видиш колку експлицитни писма им пишав јас, не Венко, јас. Беа предупредени, за што сме сложни, така што има игра со нив. Само прашањето е дали Заев сака да ја игра таа игра. Втората е да се договориме да платат нешто, а уствари не знам дали со Швеѓаните можеме да договореме нешто.

Покрај три аудио снимки, објавена е и една видео снимка на која се гледа како Ден Дончев разговара со некое лица и притоа му даваат, наводно пари.

Заев ги отфрла ваквите снимки и ги нарече лажни вести продуцирани од опозицијата. Во недостиг на програма, ВМРО-ДПМНЕ манипулира во минатото, манипулира сега и ќе манипулира и во иднина, одговори Заев.

„Едно што знам, секако ќе дадам одговор откако ќе разговарам и со Ден Дончев, ќе го прашам да ги знам деталите. Тоа што можам да го кажам е вклученост на Медарски или на полиција, немало во дијализите, во Фондот, во работењето или слично. Знам дека Медарски не е вкучен во ништо што е поврзано со дијализата, во Дијаверум, тоа што беше актуелно во јавноста, на никаков можен начин“, истакна Зоран Заев.

ТВ21 се обиде да стапи во контакт со екс директорот на Фондот за Здравство Ден Дончев, но не е достапен на неговиот мобилен телефон. Минатата недела во јавност беа пуштени снимки во кои  опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека бил вмешан во случајот со адвокатот Димишков и неговата сестра судијката Весна Димишкова дека наводно барале поткуп. Заев и овие снимки ги отфрли како неточни и рече дека тој нема никаква поврзаност.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни