Македонија

Заев од Струмица: Чулев придонесе да се пролонгира датумот за изборите, граѓаните ќе стават крај на ваквото однесување на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и СДСМ вечерва ја почнаа кампањата од Струмица. Лидерот на СДСМ и кандидат за премиер, се обрати пред граѓаните, и го обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дека директно влијаел да се продолжи датумот за изборите.

„Чулев не го казнуваше прекршувањето на мерките, со тоа бројот на заразени се зголеми, и тоа го продолжи рокот на изборите кои требаше да се случат порано. Катастрофа!“, рече Заев кој напомена дека на 15. јули очекува граѓаните да стават крај на таквите кадри.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни