Македонија

Заев: Зибери за 20 дена нема да го реформира ДУИ, треба 4 години да бидат во опозиција да се реформираат

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го коментираше кандидатот на ДУИ Насер Зибери за премиер.

„Што да кажам, уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо против човекот, но верувам дека неговото учество во вака уценувачка понуда не е соодветно. Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување во опозиција четири години за да може да се реформира да биде добра партија.“, рече Заев.

Верувам, додаде Заев, дека ова е само политика и политиканство затоа што мандатот на крајот на денот го даваат граѓаните.

-Тие бираат личност, кадар посветен, што тоа го докажал досега и верувам дека на 15 јули граѓаните преку својот глас ќе определат кој ќе биде идниот премиер на македонската Влада, истакна Заев.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни