Партиите започнаа да тераат кампања на отворено и затворено, без да ги почитуваат протоколите кои во месец мај беа предложени од страна на комисијата за заразни болести, а донесени од Владата.
Вчера во Преспа ДУИ презентирајќи го кандидатот за иден премиер, за време на настанот, публиката беше на дистанца, но по завршувањето следуваше групирање, па и гушкање без маски.
Сликата не беше поразлична ниту на крајбржјео на Охридското езеро. Кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту во публиката, ниту пак меѓу говорниците и меѓу идните пратеници немаше дистанца.
Полициските службеници кои беа на терен, неколку пати ги опоменија присутните за задолжително носење на маски. Дел ги прифатија сугестиите, други пак предизвикаа и проблеми.
„Одржување на сите активности на партиите во кампањата, но и пред неа треба да се одвиваат исклучително почитувајќи ги физичката дистанца, од 1 и пол до 2 метри која и сега е препорачана и останува да важи во целиот следен период. Заадолжително носење на заштитна маска или прекривка на устата и носот при реализација на сите активности, за време и пред кампањата.“, рече Филипче.
Оваа изјава на Министерот за здравство во која се потеницрани мерките за заштита од коронавирус, беше почитувана во Струмица за време на трибината на СДСМ.
Говорниците и публиката беа со маски и на растојаните од најмалку два метри.
Во изминатите 24 часа, 643 прекршоци се регистрирани за неносење на лична заштита на лице од страна на Министерството за внатрешни работи.
На дел од средбите со граѓаните кои ги организираа политичките партии немаше поставени ниту средства за дезинфекција.
.