Македонија

Скопјанка со тешки телесни повреди откако физички ја нападнал нејзиниот сопруг

На 26.06.2020 во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, 54-годишна жителка на Скопје пријавила дека околу 08.30 часот во нејзиниот дом, по кратка вербална расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Т.(64), при што се здобила со тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни