Македонија

ДИК ги објави протоколите: На гласање со маска и ракавици

Државната изборна комисија денеска ги истакна протоколите на гласачите на денот на предвремените парламентарни избори.

Секој гласач е должен да држи пристојно растојание од 1,5 до 2 метри пред надворешниот дел на избирачкото место, како и во внатрешниот дел.

Секој гласач пред влегување е должен да направи дезинфекција на рацете, а со себе треба да носи маска и ракавици. На гласачот нема да му биде дозволено да влезе во просторијата за гласање доколку не носи маска.

Гласачот е должен при покажувањето на лична карта, накратко да ја извади маската со цел идентификација, а откако ќе се утврди идентификацијата, гласачот може да гласа.

Гласачот е должен откако ќе гласа, гласачкото ливче да го пушти во кутијата, а потоа при излез повторно да направи дезинфекција на рацете.

ДИК е должна пред гласањето на сите избирачки места да направи темелно чистење, односно дезинфекција.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни