Македонија

Како ДУИ ќе постигне прв Премиер Албанец?, зборува Арта Биљали-Зендели

Кандидатот од ДУИ во изборната единица 6, Арта Биљали Зендели во изборната дебата на ТВ21 посочува како ДУИ ќе постигне прв премиер Албанец.

„Колку е возможно да се постигне ова?! Праксата овозможува вакво нешто и имаме вакви примери. Има примери кога победникот на изборите, кој според Устав треба да биде мандатар, а не може да формира Влада, тогаш можност им се дава на втората политичка партија. Во другата страна, политичката Влада е точно резултат на таков договор. Да не одиме подалеку, имаме случај и во Косово, каде мандатар или премиерот не е човекот кој победи на изборите, бидејќи моментот на формирање на Влада е моментот кога се отвораат политичките договори, политичките понуди и моментот на формирање на Влада е моментот кога може да се условува за да се постигне нешто. Затоа јас сметам дека е возможно Премиерот на Македонија да биде Албанец“, истакна Биљали Зендели.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни