Се формира поради „нефункционирањето“ на тогашното Јавно обвинителство, со единствена цел, да ги истражи аудио разговорите кои тогаш ги пушташе опозициската партија СДСМ.
Четири години подоцна, објектот кој е изнајмен, а со адреса улица Рузвелтова е веќе празен. Со новиот закон за ЈО, изгласан на последниот ден од распуштањето на Собранието, СЈО згасна, а предметите, истрагите и предистрагите продолжува да ги работи редовното обвинителство.
Дел од вработените од СЈО својата кариера ќе ја продолжат во МРВ, други пак од 1-ви јули се без работа.
Катица Јанева која беше симбол на Специјалното јавно обвинителство, денеска е во куќен притвор и првостепено осудена на седум години казна затвор во случајот „Рекет“.
Обвинителката Вилма Рускоска за време на објавувањето на пресудата за „Рекет“, побара од судот мерката куќен притвор да биде заменета со построга казна, односно затворски притвор за екс-специјалната јавна обвинителка, но судот не го прифати ова барање.
Подоцна, во изјави за медиумите на новинарско прашање, Рускоска рече дека вече има и нова предистрага за Катица Јанева за злоупотребан на службената положба.
.