Македонија

Боки 13 се враќа на обвинителна клупа заедно со неговиот татко, пратеничката Фросина Ременски, Блажевска и Мандиќ

Во 10 часот, во еден од големите судници на Кривичниот суд, утре започнува судскиот процес за „Меѓународен сојуз“ каде што претседател беше Бојан Јовановски – Боки 13.

Во предметот освен Бојан Јовановски, обвинет е и неговиот татко, Миле Јовановски, пратеничката Фросина Ременски, заменик претседателката на сојузот Јасна Мандиќ како и асистентката Христина Блажевска.

Ова е второ обвинение, откако првично на 15-ти јули минатата година, Бојан Јовановски заедно со Зоран Милевски – Кичеец беа лишени од слобода поради отворена истрага против, за што веќе има и првостепена пресуда од казна затвор во времетраење од 9 години во Бојан Јовановски, 7 години за Катица Јанева и 3 години за Зоран Милевски – Кичеец.

Во случајот за „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски е првообвинет за измама и перење пари, но обвинение за помагање во измамата е и пратеничката Фросина Ременкси, неговиот татко Миле, соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска. Кај татко му на Бојан, биле пронајдени и три полуавтоматски пиштоли кој ги имал нелегално па за него е поднесено и обвинение за ова дело.

Според обвинителството од јули 2017 до април следната година, Јовановски како претседател на невладината, измамил двајца бизнисмени. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица, и субвенции од државата. Ги убедил преку авторска агенција првиот да исплати 720 илјади евра а вториот 233 илјади евра.

Ременски со својот углед и авторитет го поддржувала на средбите со бизнисмените, му давала совети, упатства за да имаат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите, се вели во соопштението на обвинителството. Таткото на Бојан, Миле, исто така помагал парите да бидат пуштени во оптек. Боки 13 му давал ќеш, а татко му ги уплаќал на својата девизна сметка, дел пренесувал на сметките на фирмите,  Обвинителството побара на Мандиќ да и биде продолжен куќниот притвор.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни