Македонија

„Уште во 2018 прв реков дека довербата во СЈО е падната, тогаш имав инфомации“, рече Спасовски

Спасовски вечерва во изборната дебата на ТВ21 откри дека уште во 2018 година тој добил информации дека некои обвинители од СЈО веќе преговараат за спогодби со одредени лица осомничени или обвинети во СЈО.

„Јас прв реков дека таа ѕвезда треба да го изгуби сјајот. Знаете кога? Уште во 2018 година во јануари. Кога дознав како информација дека разговараат поедини обвинители со раководство на ВМРО-ДПМНЕ поранешното и сегашното. Кога ги држеа средбите во Мериот. Најдете ја мојата изјава на Телма, ќе видите дека кажав дека уште тогаш имам помалку доверба во СЈО“, рече Спасовски за ТВ21.

На поставено дополнително прашање од модераторите, дали покрај една ѕвезда треба да пропаднат сите, Спасовски рече дека апсолутно тоа не смее да се случи.

Потеницраше дека една личност не може да ги претставува сите останати судии и обвинители.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни