Македонија

Адеми: Овие избори се натпревар меѓу Албанците и двете македонски политички партии

Претставникот на ДУИ, Арбр Адеми вечерва во изборната дебата на ТВ21 вели дека овие избори се натпревар помеѓу Албанците и двете македонски политички партии, мислејќи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„И на овие избори вистинскиот политички натпревар е меѓу Албанците и двете македонски политички партии. Познатиот биполар, кои сакаат по секоја цена да го сочуваат ексклузивитетот за клучните државни позиции, но дојде е време ова да заврши, бидејќи македонските политички партии зборуваат за уцени, за условувања од страна на ДУИ. Да, ДУИ уценува ако како уцена го сметате нашето барање да имаме премиер Албанец, да уценуваме ако за уцена го сметате тоа Македонија да стане земја  еднаква за сите, со еднакви можности без никакви ограничувања од аспект на етничката припадност. Да, ДУИ уценува ако уцена го сметате барањето на ДУИ за донесување на Законот за албански јазик, да уценуваме ако уцена го сметате барањето на ДУИ земјата да стане членка на НАТО на ЕУ, да имаме владеење на правото, да имаме пропорционална поделба на буџетот, да уценуваме, ние во 2016 година можевме да коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ, со повеќе министри, со повеќе фунции, се одлучивме да отвариме нова страница, ново поглавје за преспектива за земјата и да, уценувавме за доброто на граѓаните и денес се докажува дека сме презеле вистински чекор бидејќи правевме гигантски чекори во насока на постигнувањето прогрес“, рече Арбр Адеми вечерва во изборната дебата на ТВ21.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни